СОУ „БОГДАНЦИ“ ДОБИ ГРАНТ ОД 404.000 ЕВРА ОД РЕГИОНАЛНИОТ ФОНД ЗА ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ПРОЕКТОТ „ПОГЛЕД КОН МОЈАТА ИДНИНА“

Од февруари 2022 година започнаа  активностите поврзани со реализацијата на тригодишниот проект на СОУ„Богданци“ Богданци „ Поглед кон мојата иднина“- Програма за коорперативен тренинг со користење на паметна IT и VR технологија и практична работа во компании за медицинска, сообраќајна и градежна струка .

Заедно со компаниите- партнери на СОУ „Богданци“, ова средно училиште учествуваше  на настанот организиран од Стопанската комора на Македонија и Регионалниот фонд за предизвици на кој им беше доделен грант од 404 000 евра, со кои се очекува значително подобрување на реализација на наставните програми за медицинска сестра, градежен техничар и техничар за транспорт и шпедиција во СОУ„Богданци“Богданци.

 

Добитници на поединечни грантови (од 100.000 до 600.000 евра) се 29 компании групирани во 8 конзорциуми со 7 средни училишта и една високо образовна институција, за финансирање на инвестиции во опрема и инфраструктура за воведување на дуалното образование и реализација на практичната обука, со цел поголема вработивост на младите и обезбедување обучен и квалификуван кадар подготвен за работните процеси. Поддршката е во различни сектори, машинската струка, прехрамбен сектор, хемиска струка и здравствен сектор.

 

„Овие средства ќе бидат искористени за опремување на еден кабинет за здравствената струка со најсовремена медицинска опрема и нагледни средства, опремување на една училница со компјутери и компјутерска опрема, образовни софтвери за сообраќајната струка , програми за учење со виртуелна реалности и 3Д модели за стручното образование дизајнирани според потребите на новите тренинг програми за дуално образование, обуки на наставниците и менторите од компаниите, набавка на стручна опрема за учениците во градежната и здравствената струка и сл.

Најзначајно е тоа што преку овој проект учениците од сообраќајната, градежната и здравствената струка ќе реализираат зголемена практична обука во компаниите со што се очекува да се стекнат со потребното знаење, специфични вештини, работни навики и ставови кои се важни за конкретното работно место, да решаваат проблеми во реални работни ситуации, а поврзаноста со претпријатијата да им обезбеди професионални контакти, потребни компетенции и вработување“, изјави по тој повод директорката на СОУ  „Богданци“, Росица Шабанова

 

#АЛФАПРОЕКТ

#РОЈАЛМЕДИКА

#ИНТЕРАЈОВАН

#ЕУРОИНГ

#ЏОКЕР

#МАНСАРД

#НЕГОРСКИБАЊИ

#ЗДРАВЕНДОМВАЛАНДОВО

#ОПШТАБОЛНИЦАГЕВГЕЛИЈА

#RCF

#СТОПАНСКАКОМОРА

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *