СИНОЌА ЗАПОЧНАА СЕДУМТЕ КАРНЕВАЛСКИ ДЕНОВИ ВО СТРУМИЦА.

WEB Телевизија во живо

Синоќа почнаа седумте карневалски денови во Струмица, откако градоначалникот Костадин Костадинов  му го предаде клучот на градот на претседателот на карневалскиот одбор Александар Цицимов.

По симболичното предавање на карневалскиот клуч, беше промовирана монографијата за 30-годишниот карневал во организирана форма „Струмичко чудо“ од авторите Александар Цицимов и Катерина Милушева.

Согласно програмата, предвидени се два концерта под маски на музичкото училиште „Боро Џони“,  а в сабота ќе се одржи главното карневалско дефиле по струмичките улици. Поради пандемијата,  годинава на карневалот ќе учествуваат 20-тина  карневалски групи од земјава и од Србија и Грција. В недела на Прочка е детскиот карневал, в понеделник по струмичките улици ќе се дели посен грав за почнување на постите. Планирано е да се доделуваат награди и за најдобрите маски, афоризми и карикатури со еротска содржина и за литературни творби, а в среда Струмица ќе го одбележува Тримери, празникот на армасаните за кој се врзува карневалот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *