СЕ СМИРУВА ЧЕТВРТИОТ КОВИД БРАН И ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

ВО КОВИД ОДДЕЛОТ ИМА ТРОЈЦА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ПАЦИЕНТИ, И ТРОЈЦА КОИ СЕ НА ДНЕВНА ТЕРАПИЈА.

Според надлежните, со ширењето на сојот омикрон, коронавирусот покажа дека е намалена неговата способност да предизвикува потешки форми на болеста, поради што како региони со висок епидемиолошки ризик се сметаат оние каде се шират поопасните соеви.

Така, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 467 случаи со КОВИД-19 и 414 оздравени пациенти, со што вкупниот број на активни случи во земјава изнесуваше 3.233. Надлежните остануваат на ставот дека сме во фаза на смирување на четвртиот бран.

Како што не информираа од Општата болница со проширена дејност во Гевгелија, и во нашата општина се забележува и намалување на бројот на заболени, како и намалување на бројот на хоспитализирани пациенти. Денеска, во ковид одделението има само 3 пациенти, а ист е и бројот на пациенти кои доаѓаат на дневна терапија. Бројот на активни случаи во општина Гевгелија изнесува 69.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *