СЕ ОДРЖА ПРВИОТ ШАХОВСКИ БРЗОПОТЕЗЕН ТУРНИР НА КЛУБОТ „7 НОЕМВРИ“. ПОБЕДНИК Е БОРЕ ТАНЧЕВ, ВТОР Е БЛАГОЈЧЕ НАЈДЕСКИ А ТРЕТ ТОШЕ АНДОНОВ

WEB Телевизија во живо

Синоќа, во просториите на неодамна реоформениот шаховски клуб „7 Ноември“ се одржа првиот од неколкуте Гранд При брзопотезни турнири. На турнирот , кој се играше по Бергеров систем, со темпо од 5 минути по меч, учество зедоа Проле Мартин, Најдески Благојчо, Думановски Коле, Стамков Мартин, Гочев Славчо, Крајчев Александар, Карапеев Зоран, Тучев Влатко, Петков Доне, Проданов Марко, Танчев Боре, Андонов Душко, Јовановски Борис, Трајков Ванчо, Андонов Тоше, Атанасов трајче, Глигоров Филип и Стојанов Томе.
Победник на првиот турнир стана Танчев Боре, второто место го освои Најдески Благојче а трет беше Андонов Тоше.
 
Секој месец, изјави по завршувањето на првиот турнир, претседателот на клубот Петар Танчев, ќе се организираат брзопотезни турнири, а на крајот на годината, најдобриот ќе биде прогласуван за најдобар шахист на Општина Гевгелија.
Искрено ме радува, рече Танчев што меѓу пријавените за првиот турнир имаше голем број на млади надежи, кои верувам дека се иднината на шахот во нашиот град.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *