РАКОМЕТНИТЕ ВЕТЕРАНКИ НА ЖРК „ЈУГ“ ОД ГЕВГЕЛИЈА УЧЕСНИЦИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР „НОВИ САД 2022“

WEB Телевизија во живо

По пауза од две години, поради ковид пандемијата, ракометните ветеранки од Гевгелија, на 11 и 12 март 2022 ќе земат учество на 16-от Меѓународен турнир на ветеранки и ветерани во Нови Сад. Овој турнир, кој го организира Клубот на ветерани „021“ од Нови Сад, е еден од четирите најквалитетни турнири кои се одржуваат во регионот, а на него оваа година учество ќе земат 12 екипи на ветерани и 8 екипи на ветеранки од Србија, Хрватска и Македонија.
 
Како што не информираше голманот на екипата, Сузана Андонова, на овој турнир, за ветеранките на ЖРК „ЈУГ“ од Гевгелија во Нови Сад ќе настапат Мицева, Мандиќ, Клеменовиќ, Попова, Доскова, Мицева, Проданова, Беќарова, Андонова и Попова.
 
Натпреварите ќе се играат два пати по 10 минути, а Андонова вели дека ветеранките од нашиот град се подготвени да се претстават во најдобро светло, и се радуваат што повторно ќе можат да се сретнат со своите драги пријатели и три дена ќе играат ракомет и ќе другаруваат во една прекрасна атмосфера во Нови Сад.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *