ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ДОГРАДБА НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „СОНЧОГЛЕДИ“

WEB Телевизија во живо

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска потпиша Договор за соработка со градоначалникот на Општина Гевгелија, за доградба на Детската градинка „Сончогледи“.
Станува збор за проширување на објектот со нови 8 занимални и сместувачки капацитет за 135 деца. Површината на доградениот објект ќе изнесува 1000 метри квадратни.
 
За реализација на доградбата на детска градинка „Сончогледи“, од буџетот на МТСП за оваа година обезбедени се 41.827.779,00 денари без ДДВ, односно 49.024.779,00 денари, вкупна вредност со ДДВ.
 
Општина Гевгелија предводена од градоначаллникот Андон Сарамандов ќе ги обезбеди потребните услови за формирање на градилиштето, приклучок за електрична енергија, водовод канализација и греење. Ќе го финансира и партерното уредување со урбана опрема. Градежните работи на доградба на оваа детска градинка се предвидува да завршат за 14 месеци.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *