ОСНОВНИТЕ ПРОИЗВОДИ ЗА ИСХРАНА ЌЕ СЕ ПРОДАВААТ БЕЗ ДДВ, СЕ НАМАЛУВААТ АКЦИЗИТЕ И ДДВ-ТО ЗА ГОРИВАТА

ДОНЕСЕНИ МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД.

ОСНОВНИТЕ ПРОИЗВОДИ ЗА ИСХРАНА ЌЕ СЕ ПРОДАВААТ БЕЗ ДДВ, СЕ НАМАЛУВААТ АКЦИЗИТЕ И ДДВ-ТО ЗА ГОРИВАТА.

Владата денеска донесе нови мерки за ублажување на ефектите од економската криза и зголемувањето на цените кои произлегоа по руската инвазија на Украина. По состанокот на Економскиот совет во Владата донесен е пакет од вкупно 26 мерки.
 
Мерките се поделени во две категории – мерки и препораки за заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите и мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка.
-Во делот на мерките за заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите се следните: Се намалува повластената стапка на ДДВ за основните производи за исхрана од 5 на 0%. Основните производи на кои ќе се однесува оваа мерка се леб, шеќер, брашно тип 300, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца.
 
Се замрзнуваат маржите на основните производи за исхрана. Со оваа мерка се спречува наднормален профит,а ќе се влијае на ублажување на влијанието на ценовиот шок врз одбрана категорија на прехранбени производи. Се предвидуваат субвенции, односно ваучери за најранливите категории на граѓани за основни производи за исхрана. Тоа се ваучери од 1.000 денари месечно за период од три месеци за околу 35.000 граѓани. Истите би се користеле за купување на основни производи. Се воведува автономна мерка за увоз на основни прехранбени производи и суровини кои имаат царински давачки од сите земји, а ова значи укинување на царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи и тоа за сите земји.
 
Согласно мерките за намалување на ценовниот шок усвоени на Владата, за 1,2 и 4 денари ќе се намали акцизата за берзанските цени за горивата, и ДДВ-то за промет на енергенси од 18 на 10 проценти, што ќе доведе до поевтина цена на горивата за крајниот потрошувач и тоа за 10.5 денари поевтина цена за дизелот и 11,5 денари би се намалил бензинот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *