ОБЈАВЕН КОНКУРСОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

ВО СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА ЌЕ СЕ ЗАПИШАТ 286 УЧЕНИЦИ.
Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година.
Во објавениот Конкурс се наведени условите за запишување и критериуми за избор на учениците, потребните документи за запишување, наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците, роковите за пријавување и насоки за спроведување на Конкурсот.
Првото пријавување на учениците ќе биде на 14 и 15 јуни 2022, второто пријавување на 21 и 22 јуни 2022, а третото пријавување на 28 јуни 2022.
Во СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ во Гевгелија, во прва година ќе се запишат 286 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми и тоа за:
Гимназиско образование – 102 ученици, 3 паралелки, 60 поени минимум
Гимназиско образование – 34 ученици, 1 паралелкa, 60 поени минимум (македонско – француска билингвална паралелка).
Угостителско – туристичка струка – 50 ученици, 2 паралелки :
хотелско – туристички техничар – 25 ученици во 1 паралелка, 4 години траење, 45 поени минимум и
келнер/готвач мак – 25 ученици во 1 паралелка, 3 години траење, 30 поени минимум
Машинска струка – 50 ученици во 2 паралелки:
– машински техничар за моторни возила 25 ученици во 1 паралелка, 4 години траење, 45 поени минимум
– автомеханичар/ заварувач , 25 ученици во 1 паралелка, 3 години траење, 30 поени минимум
Економско – правна и трговска струка – 25 ученици во 1 паралелка – економски техничар/ бизнис администратор , 4 години траење, 60 поени минимум
Здравствена струка – 25 ученици во 1 паралелка – физиотерапевтски техничар/ гинеколошко-акушерска сестра , 4 години траење, 70 поени минимум

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *