НА 8-МИ МАРТ 1953 ГОДИНА БЕШЕ ПРЕТСТАВЕНА „COCKTA“, ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ВЕРЗИЈА НА „COCA-COLA“

Во 1953 година на денешен ден беше претставен првиот југословенски безалкохолен газиран пијалок – Cockta
Cockta е југословенска верзија на американската кока-кола, но за разлика од неа не содржи кофеин и ортофосфорна киселина. Создадена е во 1952 година кога Емерик Зелинка измешал шипка, витамин Ц, разни билки и карамелизиран шеќер. Името „Cockta“ е изведено од зборот „коктел“ што значи „мешавина од билки“.
 
Пијалокот за прв пат беше претставен во јавноста на денешен ден, 8 март 1953 година во Планица. Во првата година се произведени околу милион литри, а во следните 13 години постоење продажбата секоја година растела за 25%.
 
Во текот на 1960-тите, Cockta се извезуваше од Југославија во Холандија. Во доцните 1960-ти, побарувачката за Cockta на домашниот пазар опадна поради увозот на странски пијалоци. во 1975 година. Кокта за прв пат се продава во шишиња од 1 литар. Во средината на 1980-тите, продажбата почна да паѓа, веројатно предизвикана од колапсот на југословенскиот пазар.
 
Во 1990-тите, полнењето на Cockta го презема компанијата Словенијавино, а продажбата повторно почнува да расте. Во 2000 година, компанијата „Колинска“ стана нов сопственик на Cockta, а во 2005 година Cockta ја доби својата лесна верзија.
Коктата беше најпопуларниот југословенски безалкохолен газиран пијалок со кој растеа генерации млади луѓе во поранешната држава.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *