КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ПО ПОВОД 70 ГОДИШНИНАТА НА ЗПСК „КОЖУФ“. НА ПОВЕЌЕКРАТНИТЕ КРВОДАРИТЕЛИ ОО НА ЦРВЕН КРСТ ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ИМ ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИЈА

WEB Телевизија во живо

По повод 70-годишнината од постоењето на Планинарскиот клуб „Кожуф“ од Гевгелија, ОО на Црвен крст- Гевгелија, во соработка со членовите на ЗПСК „Кожуф“ и Институтот за трансфузиона медицина организираат крводарителска акција. Крводарителската акција ќе се одржи на 30 март, 2022 година, во просториите на Народниот театар- Гевгелија, во периодот од 10:00 до 15:00 часот. Доброволците кои сакаат да ја даруваат својата крв, треба да се пријават на тел. број: 077 750 120.
 
На оваа акција ќе бидат доделени и признанија за повеќекратни крводарители од Општина Гевгелија.
ОО Црвен крст- Гевгелија ги потсетува граѓаните кои сакаат да ја даруваат својата крв дека крводарител може да биде секое здраво лице на возраст од 18 до 65 години. Во однос на годишниот интервал на дарување, мажите можaт да даруваат крв на секои 3 месеци, а жените на секои 4 месеци. Поради лична заштита и заштита на останатите, се апелира до граѓаните на крводарителската акција да се почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19, со задолжително носење заштитна опрема и одржување дистанца од 1,5 до 2 метра.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *