КОНЕЧНО, ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „АЈ ШО ЛАФИШ“, ЗА КОЈА АВТОРОТ СТЕФЧО СТЕФАНОВ ВЕЛИ ДЕКА САКА КАЈ ЧИТАТЕЛОТ ДА ИЗНУДИ НАСМЕВКА И ВЕДРИНА ВО ОВА СИВО ВРЕМЕ !

WEB Телевизија во живо

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“организира промоција на книгата “Ај шо лафиш” од Стефчо Стефанов. Промоцијата ќе се одржи на 25 март (петок) со почеток во 19 часот во Народниот театар-Гевгелија. Модератор на настанот ќе биде Лилјана Пецова Илиеска, музијата е на : АПСАЗДАН & Костадин Динев, лаф-два-три ќе каже Дејан Малзарков, а потоа следува аfter party забава во организација на дом на Култура Македонија со DJ Razal Vetalj во кафе бар “У”.
 
Со Стефче Стефанов, гевгелискиот Марко Цепенков, правев лаф муабет по излегувањето на неговата прва книга „Гевгелексикон“, наменета на сите оние македонски читатели кои сакаат да го „усовршат“ гевгелискиот дијалект. Тогаш ни кажа дека споредбата со Цепенков, „ем ми годи ем ме заплашува, поради стравопочитта која ја имам кон делото на големиот Марко Цепенков. Споредувањето го сфаќам како провокација дека не треба сето ова да заврши само со објавување на „Гевгелексиконот„, и дека треба оваа „беља„ која ја направив со книжулето да е прво скалило кон натамошно откривање на големото богатство на гевгелискиот дијалект.
 
Тогаш му посакавме што поскоро да направи и во иднина што повеќе вакви интересни и креативни „бељи„ и се разделиме од него со едно – „Ај булаќи, само напред“.
И, да видите чудо, ударнички, Стефчо тргна со сета сила, не послуша, и, по „Гевгелексикон“ направи уште поголема „беља“, а тоа е новото книжуле насловено како „Ај шо лафиш“ – книга со изреки и фрази кои се слушале и слушаат во Гевгелија. Книгата содржи петстотини гевгелиски изрази кои се запишани, како што вели авторот, „как чујал, т,ка напишал“.
 
Се чувме со Стефчо кога пандемијата „владееше“ со нашето тело и нашиот дух, за да го прашаме како е и што работи. Тогаш ни кажа вакви „думи“
„Она што сега со мерак го работами е во завршна фаза, а времето дома одлично прилега за тоа, е „братчето“, односно вториот дел на познатата џебна книга „Гевгелексикон“. Поминаа точно 5 години од издавањето на таа книгичка која се распосла во 1000 примероци, а ќе ја има во уште тираж заедно со новата „Ај шо лафиш“. Токму сега ја дотерувам. Тоа е џебна книга со гевгелиски изрази и фрази. И одвај чекам да почне да живее во рацете на гевгеличани.
 
Книгата заживеа, и еве дочека да биде промовирана. На крајот ќе украдеме, без да бидеме казнети зборови на проф. Веновска од филолошкиот факултет, инаку промотор на „Гевгелексикон: „Мајчиниот јазик кој многупати е синоним за официјалниот литературен јазик, всушност е токму дијалектот. Првите зборови на детето се секогаш на дијалект“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *