ИМА СЛОБОДНИ ТЕРМИНИ ЗА ОФТАМОЛОШКИ ПРЕГЛЕД НА ИДНИТЕ ПРВАЧИЊА ВО ОПШТАТА БОЛНИЦА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Во пресрет на уписот на првачиња во учебната 2022/23 година, Одделението за образование при Општина Гевгелија, согласно новиот Закон за основно образование, ги информира родителите дека во прилог на потребната документација треба да достават потврда за извршен офтамолошки преглед. Во координација со ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија, се известуваат родителите на идните првачиња дека има слободни термини за закажување офтамолошки преглед преку матичните лекари.
 
Покрај потврдата за извршен офтамолошки преглед, при уписот се доставуваат и извод од матичната книга на родените за детето, потврди за примените задолжителни вакцини за детето и извршен стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *