ГРУПНИ ЧАСОВИ ЗА ПОЧЕТНИЦИ ЗА СВИРЕЊЕ НА ГИТАРА

WEB Телевизија во живо

Неодамна во Општина Гевгелија,  на иницијатива на градоначалникот Андон Сарамандов  започнаа да се одржуваат групни часови за учење на свирење на гитара и бас гитара за заинтересираните деца на возраст од 9 до 15 години.

Часовите се одржуваат од понеделник до четврток,  попладне,  од 17 до 19 часот во ЈОУ Дом на култура „Македонија“, односно во просториите на Народниот театар, а ги води Костадин Динев.  Како што не информираше самиот Динев, часовите ги посетуваат над 20 деца кои сакаат да научат да свират гитара или бас гитара.

За почеток, вели Динев, изучуваме акорди и ритам, и може да кажам дека децата се многу посветени и вредно навлегуваат во тајните на свирењето на овој инструмент.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *