ГЕВГЕЛИЧАНИ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОСКАП ТАКСИ ПРЕВОЗ

WEB Телевизија во живо

Со измената на Одлуката за такси-превоз на патници, Советот на Општина Гевгелија на денешната седница го усвои барањето на Здружение на такси-компании во Гевгелија и донесоа одлука за поскапување на такси-превозот за 60 отсто. Согласно одлуката, цената за старт од сегашните 50 е зголемена на 80 денари и за секој нареден километар, наместо досегашните 23 денари, ќе се наплаќаат по 33 денари, а чекањето од четири е зголемено на 7 денари од минута.
Покрај ова беше прифатено и барањето на таксистите за воведување ноќна тарифа, која ќе се применува од 22 часот вечерта до 6 часот наутро, со стартна цена од 90 денари, плус 35 денари за поминат километар, како и празнична тарифа со цена од 100 денари за старт и 40 денари за изминат километар. Гевгелиските таксисти ќе добијат и дополнителен паркинг-простор на неколку локации во градот кои беа посочени од нивна страна.
Барањето за поскапување на такси-услугите се должи на зголемените цени на горивата и поминатиот, за нив, долг период од четири години од донесувањето на претходната одлука.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *