ЕКИПАТА НА „ВАРДАР ШАРКС“ ПОБЕДНИК НА ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ЕКИПЕН ШАМПИОНАТ ВО „MATCH POKER“ ВО ГЕВГЕЛИЈА. 

„МАКЕДОНСКИОТ ЛАС ВЕГАС“ НАЈСЕРИОЗЕН КАНДИДАТ ЗА ДОМАЌИН НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО „MATCH POKER“ ВО МАЈ ГОДИНАВА
 
На првиот екипен шампионат во “MATCH POKER” кој викендов се одржа во Аполонија хотел & казино Гевгелија, на кој учествуваа вкупно шест екипи, , Младост Ацес, Вардар Шаркс, Фаланга Скопје, Виа Игнација Кингс, Пелагонија Иглс и Брегалница Лајнс, првото место го освои екипата на „Вардар Шаркс, додека втора беше екипата на „Брегалница Лајнс“. За најдобар машки играч беше прогласен Андреа Андреевски, а за најдобар женски натпреварувач Зорица Димовска, и двајцата од „Вардар Шаркс“
Победничката екипа директно ќе учествува во Шампионската лига на Европа во организација на IFMP, Интернационалната покер федерација, наредниот октомври.
 
Дополнителен стимул за играчите беше тоа што најдобриот играч во покер лигата ќе биде дел од Македонската репрезентација за Европското првенство наредниот септември.
Претседателот на Македонската покер федерација, Мајк Попгонофф, изјави дека е задоволен од квалитетот на играта на овој шампионат, кој од оваа година ќе биде традиционален.
Тој ексклузивно откри дека Гевгелија и Македонија најверојатно ќе бидат организатори на Светското првенство во “MATCH POKER”, кој ќе се одржи во последната недела на мај, 2022 година.
 
Имено, поради корона пандемијата минатата година беше одложено светското првенство кое требаше да се одигра во Лима (Перу). Оваа година своја кандидатура за домаќин поднесе Лондон. Но се појави проблем што некои репрезентации од Азија како Казахстан, Монголија и Индија неможат да обезбедат влезни визи за Англија. Затоа, во меѓувреме и Македонската Покер Федерација поднесе кандидатура која побуди сериозен интерес кај челниците на IFMP земајќи го во предвид збиениот календар на настани годинава (Светско и Европско првенство како и Шампионска лига).
 
Затоа, веќе е најавена и посета на Македонија од официјална делегација на IFMP на чело со претседателот Патрик Нали, која во текот на април, 2022 ќе ја посети Гевгелија, македонскиот „Лас Вегас“ . Имајќи го во предвид фактот што Гевгелија е познат казино центар во Европа, Попгонофф е уверен дека со постојните капацитети, услови и подготвеноста за организација, Гевгелија ќе биде домаќин на Светското првенство оваа година.
„MATCH POKER” е варијанта на покер кој веќе 4 години е признат за мисловен спорт во светски рамки. Македонската Покер Федерација е регистрирана како спортско здружение во ноември 2011 година. МПФ е прифатена како спортска организација од Македонскиот Олимписки комитет во 2017 година. По успешните квалификации во 2021 година, Македонија за прв пат ќе учествува на светското првенство во „MATCH POKER” 2022 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *