ДВОДНЕВНА ОБУКА ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗА ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ОД „RELOAD 2“ ПРОЕКТОТ

WEB Телевизија во живо

Вчера и денеска во малата сала на Народниот театар во Гевгелија, во организација на Општина Гевгелија и УНДП се одржа дводневна обука за сите заинтересирани граѓански организации кои ќе сакаат да аплицираат со предлог проекти од значење за граѓаните од општина Гевгелија, а во рамките на проектот: „Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD 2)“.

Обуката, на која учествуваа заинтересираните граѓански организации и вработените во Општина Гевгелија ја одржаа Биљана Ѓеоргиевска, координатор на целиот проект и консултантот Весна Кардалевска. 

Тие потенцираа дека во овој проект како приоритетни области кои се издвоени се : туризмот и културата, младите, заштита на животната средина, локалниот економски развој и социјална инклузија и човекови права. Овој јавен повик е отворен за сите формално-регистрирани граѓански организации (асоцијации / организации или фондации), согласно Законот за здруженија и фондации.

 

Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД.

На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD2 (до декември 2024).

 

Јавниот повик ќе трае од 28.02.2022 (од 9:00 часот) до 28.03.2022 (до 15:00 часот). Општина Гевгелија и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 12 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од мај 2022 до крајот на април 2023.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *