ДВЕ ТИТУЛИ ЗА МАКЕДОНИЈА НА ИЗБОРОТ МИС MISS EUROPE 2022.

WEB Телевизија во живо

СКОПЈАНКАТА МИЈА СТЕРЈОСКА, ВТОРА ПРИДРУЖНИЧКА А ГЕВГЕЛИЧАНКАТА АНА БРЗАНОВА, МИС НА ПРИЈАТЕЛСТВО.

Вчера (понеделник) во Бејрут, Либан, како што веќе информиравме, се одржа најновото издание на гламурозниот натпревар на женската убавина познат во светот како „Мис на Европа 2022“. Македонија  ја претставуваа 22-годишната Ана Брзанова од Гевгелија и 18-годишната Мија Стерјовска од Скопје,  членки на модното студио „Црнокрак“. Како што информираше Мики Црнокрак, Македонија се враќа со две титули, Имено, Мија Стерјоска е избрана за втора придружничка, додека Ана Брзанова ја освои титулата Мис на Пријателството.

Со ова, се чини, се остварија прогнозите на Ана, која пред натпреварот во убавина ни изјави „убедена сум дека Македонија заслужува уште една титула“. Не е една туку две. Честитки за девојките.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *