Д-Р МИТКО КРЏЕВ:ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СИТУАЦИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА Е СМИРЕНА, ИМА САМО 2 ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ПАЦИЕНТИ И 3 ДО 5 ПАЦИЕНТИ НА ДНЕВНА ОСНОВА.

WEB Телевизија во живо

На седмата седница на Советот на Општина Гевгелија, на дневен ред се најде и Информацијата за состојбата со здравствената заштита на населението во Општина Гевгелија. Пред советниците, директорот на Општата болница со проширена дејност-Гевгелија, д-р Митко Крџев, моменталната епидемиолошка состојба со ковид пандемијата ја оцени како смирена. Тоа го поткрепи со фактот што во моментот на болничко лекување од ковид-19 се хоспитализирани двајца пациенти а на дневна терапија доаѓаат три до пет пациенти.
 
Тој направи мала рекапитулација на тоа како се справуваше и сеуште се справува Општата болница Гевгелија во овој четврти бран, кој започна во периодот ноември-декември 2021 година а својот пики го достигна во втората половина на месец јануари. Големиот број на заболени од делта, а потоа и од омикрон сојот, придружени од сезонскиот грип, ги стави во функција сите просторни и кадровски потенцијали на Општата болница. 

Во првиот момент пациентите се хоспитализираа во невропсихијатриското одделение кое располагаше со 13 кревети, за да потоа се стави во фунција и ковид модуларната болница со капацитет од 15 легла. Во еден момент, кога бројот на дневни прегледи ја надмина бројката од 80 до 100, а бројот на кандидати за хоспитализација беше меѓу 25 до 30 граѓани, рече Крџев, се размислуваше и за дополнително вклучување на интерното одделение како ковид центар. За среќа, тогаш почна да попушта и овој четврти бран, така да немаше потреба од активирање на додатни просторни капацитети. Сите пациенти, потенцираше директорот, беа најпрофесионално и најодговорно згрижени со 24 часовно дежурство, обезбедени лекови, боци со кислород и транспортирање на најтешките случаи во другите здравствени центри.
 
И покрај оваа поволна состојба, директорот Крџев апелираше граѓаните и натаму да се придржуваат до мерките за заштита пропишани од Здравствената комисија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *