ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈА НА ПЕТМИНА КРВОДАРИТЕЛИ ОД ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, по повод Денот на крводарителството, 17-ти Март, денеска, им додели признанија и пригодни подароци на петмина крводарители- жители на општина Гевгелија, кои јубилејно дарувале крв.
На приемот, беа доделени признанијата за 25, 50 и 100 пати дарување крв. И тоа на крводарителите : Воислав Маџунков и Никола Ќириќ за 100 дарувања, на Никола Опров и Трајче Тодоров за над 25 и на Борис Делев за над 70 дарувања.
Честитајќи им за придонесот во спасувањето на човековите животи со дарувањето на нивната крв, градоначалникот Сарамандов истакна дека дарувањето на оваа драгоцена течност која живот значи. е највисок чин на хуманоста на еден човек.
За јубилејните крводарители општината обезбеди благодарници и значки со број на нивното дарување а за дарителите со 100-пати дарувана крв беа обезбедени плакети.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *