ДИЗЕЛОТ ОД ВЕЧЕРВА 97 ДЕНАРИ. МАКПЕТРОЛ РАЗМИСЛУВА ДА ПРЕСТАНЕ ДА ПРОДАВА ГОРИВО. ПОДГОТВЕТЕ ГИ ВЕЛОСИПЕДИТЕ.

WEB Телевизија во живо

Регулаторната комисија донесе одлука за ново поскапување на нафтените деривати.
Според новата одлука на РКЕ цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 останува непроменета и изнесува 93, 00 денари за литар, како и на ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 95,00 денари за литар. Дизелот од полноќ поскапува за уште 3 денари и ќе чини 97 денари за литар, за разлика од вчерашните 94 денари.
 
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 93,00 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 95,00 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 97,00 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 92,50 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 60,569 (денари/килограм).
 
Со дополнителното намалување на маржите, загубите ќе бидат огромни. Укажуваме дека тоа може да принуди одредени трговци да престанат да продаваат гориво, а тоа е опција која што и „Макпетрол“ сериозно ја разгледува, истакнуваат од компанијата.
 
Компаниите што снабдуваат нафта и нафтени деривати не можат врз себе да го понесат товарот на вештачко држење на ниска цена на горивата, како социјална категорија, истакнуваат од „Макпетрол“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *