Д-Р ХРИСТИНА ПРОШЕВА:

WEB Телевизија во живо

МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ УТРЕ ПОВТОРНО ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ. НАДЛЕЖНИТЕ НЕ ПОКАЖУВААТ СЛУХ ЗА НАШИТЕ БАРАЊА

Матичните доктори и докторите специјалисти од секундарното здравство, од Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) утре мирно ќе протестираат во своите амбуланти и нема да работат со пациенти закажани преку „Мој термин“, туку ќе примаат само итни случаи, не информираше координаторот на Здружението на приватните лекари на Македонија за Гевгелија, Богданци и Дојран.

Целта на мирниот протест е да се задржи вниманието на здравствените власти за сериозноста на проблемот.

Ова е нивни револт кон надлежните откако не е исполнет рокот од две недели за спроведување на нивните барања даден на средбата на претставници на Здружението со заменик – министерот за здравство Владимир Рендевски, во која малку подоцна се вклучил и министерот за здравство Беким Сали. Рокот кои тие го дадоа беше за формирање на работни групи, кои ќе работат на проблематиката, а тој истече денеска напладне.

– Бидејќи никој од надлежните не ни се јави ние се решивме повторно на мирен протест, вели доктор Прошева. Ваквата одлука ја донел Управниот одбор на ЗПЛМ, одржана во неделата, кога се договориле да чекаат до денеска напладне, во спротивно повторно да протестираат како пред две недели..

Таа информира дека не се реализирала јавната расправа за пациенти за ПЗУ, бодот за капитација не се згоемил. Посочи дека позагрижувачки е тоа што се уште има доктори во градовите во земјава кои секој ден затвораат и се иселуваат од здравствените домови, се’ со цел да не си ги затворат фирмите и како носители на основната дејност да стават во овие ординации да работат млади лекари и да продолжат да работат. Во здравствените домови им дозволуваат да работат само до 67 години, а во помалите места има се’ помалку лекари, бидејќи младите лекари се иселуваат од земјава.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *