ЦРВЕНИОТ КРСТ НА МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖУВА 77 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ. ДЕНЕС Е И ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО.

WEB Телевизија во живо

Оваа година Црвениот крст на Република Македонија одбележува значајни 77 години од своето основање и 27 години од полноправно членство во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.

17 март е значаен ден за Црвен крст на Република Македонија, датум кој го одбележува постоењето, дејствувањето, а воедно и успехот на сите волонтери, вработени, поддржувачи и безброј активисти кои овозможија оваа организација да опстојува толку време низ годините.

Во изминатите 76 години Црвениот крст имаше голем број на активности кои придонесоа да се направи позитивна промена во животот на луѓето. Преку мрежата на општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје тие се дел од секојдневието на луѓето кои се соочуваа со разни предизвици,

Низ годините Црвениот крст даде посебен придонес во надминување на последиците од катастрофи, промовирање на безбедно живеење и спроведување на здравствено превентивни активности за заштита на животот и здравјето на населението, континуирано го промовираше крводарителството и ги учеше луѓето како да укажуваат прва помош.

И во тешките моменти кога нашата држава се соочува со големи предизвици по здравјето на населението, повторно Црвениот крст е таму каде е потребно.

 

Општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија е формиранa на 10 март 1945 година и се до сега остварила илјадници акции на полето на крводарувањето и ублажувањето на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи.

Република  Македонија е мала земја со одлично развиено крводарителство, кое се темели на принципите доброволност, анонимност и бесплатност. Годишните потреби за крв во РСМ се 55.000 единици крв.

Доброволното крводарителство во Република  Македонија има една единствена цел, а таа е да се мотивираат што поголем број на луѓе кои треба доброволно да даруваат крв за да може да се соберат потребните количини на крв и крвни продукти кои се неопходни за лекување на болните и повредените. Крводарителството ги развива особините на хуманост и солидарност кај граѓаните, а особено кај младите, придонесува за подигнување на нивото на здравствената култура и јавната свест. Од тие причини мотивирањето на населението за доброволно дарување на крв е исклучително важно за градење позитивен однос кон крводарувањето. Крвта како лек е сè уште незаменлива и нејзиното добивање исклучиво зависи од добрата волја на луѓето крводарители, кои доброволно, анонимно, бесплатно и солидарно даруваат крв.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *