ЦРВЕН КРСТ ГЕВГЕЛИЈА СО ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ПО ПОВОД НЕДЕЛАТА НА СРЦЕВОСАДОВИ ЗАБОЛУВАЊА

Општинската организација на Црвен крст Гевгелија заедно со волонтерите од Клубот на млади по повод Неделата на борба против срцевосадови заболувања, а под мотото „Здраво срце, Среќно срце“, реализираа едукативна работилница и неколку инфо сесии за важноста на превенцијата на срцевосадовните болести.
 
Главната работилница беше одржана во просториите на СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија, на која учествуваа дел од професорите, учениците и вработените од училиштето.
Работилницата беше изведена од Д-р Патрик Матх – специјалист по интерна медицина во Општа болница во Гевгелија. Тој при тоа напомена:
„Болестите на срцето и крвните садови се водечка причина за смрт како во светот така и во Македонија. Во Македонија повеќе од 57 % од смртните случаеви се последица на срцевосадовите заболувања. Се проценува дека 17,9 милиони луѓе починале од срцевосадови заболувања во 2019 година, што претставува 32% од сите глобални смртни случаи. Од овие смртни случаи, 85% се должат на срцев и мозочен удар.“
 
На почетокот на самата работилница, Секретарот на ОО ЦК Гевгелија, Лазар Мешков упати Благодарност до Д-р Патрик Матх за неговото присуство, како и за неговиот ангажман и придонесот на неговите колеги и останатите здравствени работници во битката со пандемијата на Ковид – 19, која многу научни сознанија ја потенцираа и како ризик за појава на срцеовосадови заболувања.
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *