АНДОН САРАМАНДОВ :

СЕ СООЧУВАМЕ СО МНОГУ ПРЕДИЗВИЦИ, НО РАБОТИМЕ ПОСТОЈАНО И ЧЕСНО ДА ЈА ОПРАВДАМЕ ДОВЕРБАТАНА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА. 

Почетокот од мојот мандат е исполнет со многу предизвици, затекнав лошо и пасивно работење на претходното раководство. Без никаква стратегија за подобрување на локалниот економски развој и со огромен број на инфракструктурни и комунални проблеми го започнав мојот мандат како градоначалник на општина Гевгелија, изјави на почетокот на своето обраќање градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов на денешниот настан „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“, потенцирајќи дека конечно работите се подобруваат на подобро за жителите на општината.

Еден од моите први приоритетните зафати, беше намалување на трошоците за електрична енергија за уличното осветлување. Извршивме целосна замена на старите светилки со штедливи лед сијалици на територијата на цела Општина Гевгелија. Во изминатиот период асфалтирана е сервисната улица од локалитет Милци до клучката на граничниот премин Богородица, во тек е изградба на улица Александар Бел, а ја завршивме започнатата реконструкција на улицата Методија Антонов Ченто во Мрзенци – рече Сарамандов.

Тој истакна дека со напорна работа и заложба донесен е деталниот урбанистички план за блок 16, а започната е реконструкцијата на Младинскиот дом во Прдејци, како и дека обновено е оградувањето во ООУ „Владо Кантарџиев“ и на подрачното училиште во Мрзенци.

За збогатување на условите за социјалната заштита воведена е мерката бесплатен третман на деца со проблеми во вербалната комуникација од страна на логопед. За младите, како водечки столб за идниот развој на општината, превземени се неколку активности. Формирано е локално младинско собрание, организирање на курсеви по гитара и формирање на театарска секција за млади актери од 6-14 години – изјави Сарамандов.

Тој  додаде и дека е изработена проектна документација за многу  значајни проекти, како што се за реконструкција на спортската сала ДТВ „Партизан, изградба на голем урбан парк „Топлик“, реконструкција на старо школо во село Конско и на старо школо во село Серменин како и младински домови во Моин, Кованец, Ново Село и Смоквица.

Во период што следува ќе се реализираат 2 капитални проекти од огромно значење за граѓаните на општина Гевгелија. Грантот од КФ-В Банка во вредност од 2,5 милиони евра и изградба на западен булевар, за кој општината ќе обезбеди 1.500.000 евра. Изградбата на Западниот булевар е од приоритетно значење за Гевгелија, проект кој Гевгеличани со години го очекуваат. Со грантот од КФ-В банка ќе се реализира изградба на примарна атмосферска канализација во Гевгелија на потегот од ,,Динќут до железничка станица и дополнителни три крака во северниот дел на градот на ул. Никола Карев, дел од Серменинска, Димо Хаџи димов и 7 ми Ноември. Предвидена е и изградба на водоводна линија за Прдејци и Негорци. Рехабилитација на цевковод на водоводна линија за Богородица – потенцираше Сарамндов.

Тој нагласи и дека наскоро ќе се работи на изградба на нов пазар во Миравци, оплеменување на спортското игралиште на улица „Илинденска“
во Гевгелија, изградба и оплеменување на зелени површини и паркови и други проекти за доброто на граѓаните од нашата општина Гевгелија

Изминатиот период, покажавме дека не сме сите исти. Со упорност и многу работа нештата се менуваат кон подобро. Целта ни е една и единствена – да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните во нашата општина. Се соочуваме со многу предизвици, но работиме постојано и чесно, и ќе дадеме се од себе да ја оправдаме довербата на граѓаните од општина Гевгелија – изјави Сарамандов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *