ЗАВРШЕН НАСТАН И ПРЕМИЕРА НА ФИЛМОТ „ЕДНА ПИЛУЛА ПЛУС-ЕДЕН КИЛОГРАМ МИНУС“

WEB Телевизија во живо

“ НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЕДУКАЦИЈА, КУЛТУРА И АКТИВИЗАМ „МУЛТУС“ ОД ГЕВГЕЛИЈА

Центар за едукација култура и активизам Мултус од Гевгелија во партнерство со Регионален центар за одржлив развој од Гевгелија, одржа завршен настан за проектот кој третира медиумска писменост и критичко размислување „Медиумска диверзија“. На настанот беа сите учесници, соработници и партнери на проектот, со цел доделување сертификати и благодарници за успешната соработка.

На самиот настан Мултус одржа и затворена премиера на филмот „Една пилула плус – еден килограм минус“. Краткиот, средношколски филм „Една пилула плус – еден килограм минус“ е најновата и последна активност на Центар Мултус од Гевгелија ја третира темата за лесното „наседнување“ на медиумски манипулации, во случајот – нереални и лажни реклами за апчиња за слабеење.

Во филмот, млада девојка лесно поверува во нереални резултати за слабеење за рекорден рок и наидува на реклама која треба да ги исполни нејзините соништа за експресни резултати. Ваквите манипулации се доста чести, а особено се ефикасни кога бараме за да најдеме нешто што ќе ги поткрепи нашите верувања и пристрасни убедувања.

Во филмот учествуваат: Анастасија Шопова,Тијана Ристовска, Марија Калинова и Александар Динев. Видеографер, колор обработка и графики се на Мартин Стојанов

– Филмот се снимаше на локации во Гевгелија во текот на минатиот месец јануари. За потребите на овој филм, покрај големиот влог од талентите на вклучените ученици од основни и средни училишта од Гевгелија и Валандово, ангажирани беа и млади професионалци кои придонесоа за подобра реализација на крајниот продукт. Сценариото го пишуваше Сандра Ѓоргиева, како консултант за режија и пост – продукција ни помагаше Шенол Мехмед, а тонската обработка е од Марко Наумовски.

Проектот „Медиумска диверзија“ траеше 9 месеци, а официјално завршува на 10.02.2022. Како дел од него, Мултус изработи 6 видеа со преку 350.000 прегледи од граѓаните, на темата медиумско описменување и развој на критичкото размислување со Дејан Малзарков и тимот на Диверзија, одржа 7 обуки и презентации на темата во Општините Гевгелија, Валандово и Богданци и нивните рурални средини, како и го реализираше овој краток филм „Една пилула плус – еден килограм минус“ со основци и средношколци од Гевгелија и Валандово.

Проектот „Медиумска Диверзија“ е под-грантист од проектот „Отпор кон дезинформации и говор на омраза“ спроведуван од Македонски институт за медиуми, а поддржан од Европската унија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *