ВОЈНА ВО ЕВРОПА: РУСИЈА УТРИНАВА ЗАПОЧНА ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ПРОТИВ УКРАИНА

WEB Телевизија во живо

Рускиот претседател Владимир Путин денеска наутро одобри „специјална воена операција“ против Украина со цел да се отстрани, како што рече, сериозната закана.
Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе декрет за вонредна состојба, а парламентот ја одобри бараната мерка.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски — кој телефонски разговараше со американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон — рече дека прогласува воена состојба, но ги повика граѓаните да останат смирени.
Во националниот телевизиски говор рано на 24 февруари, Путин се обиде да ја оправда офанзивната операција тврдејќи дека мора да спречи Украина да се здобие со нуклеарно оружје.

 Украина не посочи дека бара нуклеарно оружје. „Околностите бараат од нас да преземеме решителна и итна акција“, и рече Путин на нацијата, велејќи дека сепаратистите поддржани од Русија во украинскиот регион Донбас побарале помош. Путин, исто така, рече дека акцијата има за цел да ги заштити цивилите и дека доаѓа како одговор на заканите што доаѓаат од Украина – тврдења што Киев и Западот долго време ги отфрлаат. Путин ја повика украинската војска да го остави оружјето.
274361707_1126331328196968_8289791883001795785_n

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *