ВО ЗАЕДНИЧКАТА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ГЕВГЕЛИЈА И ХОТЕЛ „ФЛАМИНГО“ СОБРАНИ 56 КРВНИ ЕДИНИЦИ

56 крвни единици од најдрагоцената течност беа собрани вчера во крводарителската акција која се спроведе од страна на Општинската организација на Црвен крст Гевгелија и хотелот „Фламинго“ На оваа хуманитарна акција, покрај вработените од компанијата, крв даруваа и заинтересирани граѓани на општина Гевгелија.
 
Задоволство од одзивот на оваа акција искажа секретарот на Општинската организација на Црвен крст Гевгелија, Лазар Мешков, кој истакна дека со ова се испишува нова традиција и соработка со една голема и општествено одговорна компанија каква што е хотел „Фламинго“
 
Претставникот на компанијата, Елена Минева, исто така ја поздрави оваа иницијатива и потврди дека хотел „Фламинго“, кој и до сега бил учесник на многу хуманитарни акции, и во иднина ќе биде отворен за соработка како со Црвениот крст, така и со сите оние на кои ќе им биде потребна помош од оваа општествено одговорна компанија.
 
На крводарителите кои ја покажаа својата хуманост на дело им беа подарени симболични подароци во знакот на крводарувањето, изработени од волонтерот, Памела Петровска.
Ваквата акција во духот на хуманоста има тенденција да прерасне во годишна традиција преку која граѓаните ќе можат да даруваат крв за спас на нечиј живот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *