УТРЕ, СРЕДА, 23 ФЕВРУАРИ, КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА ЦРВЕН КРСТ ГЕВГЕЛИЈА И ХОТЕЛ „ФЛАМИНГО“

WEB Телевизија во живо

Црвен крст- ОО Гевгелија и хотел „Фламинго“- Гевгелија организираат крводарителска акција, која ќе се одржи на 23 февруари, 2022 година, во периодот од 10:00 до 15:00 часот, во просториите на „Фламинго“. Покрај вработените во „Фламинго“, на оваа крводарителска акција можат да учествуваат и граѓани од општина Гевгелија. Сите заинтересирани можат да се пријават на телефонскиот број: 077750120.

Акцијата ќе биде организирана согласно протоколите за заштита од КОВИД-19, со доследно почитување на мерките. Имено, оваа крводарителска акција на хотел „Фламинго“, како одговорно- општествена компанија, во иднина има за цел да биде традиционална. Црвен крст- ОО Гевгелија ги потсетува граѓаните кои сакаат да ја даруваат својата крв дека крводарител може да биде секое здраво лице на возраст од 18 до 65 години. Во однос на годишниот интервал на дарување, мажите можaт да даруваат крв на секои 3 месеци, а жените на секои 4 месеци.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *