21 век ни даде недостаток на време за нашите деца, да се справиме со нив, да играме заедно, да разговараме. Ни донесе многу поголема посветеност и го продолжи нашиот работен ден. Поради сето ова, недостасува вербална комуникација, децата поминуваат поголем дел од времето пред телевизори и телефони, слушајќи и апсорбирајки гласови што доаѓаат од некои „кутии“.
Некој ќе рече дека логопедистите можeби претеруваат, но тие, би рекле, само ги истакнуваат негативните страни на прекумерна употреба на модерната технологија, не преувеличувајќи, само советувајќи.
Според неодамнешните истражувања, дури 70 до 80 проценти од децата имаат некаков проблем со говорот, јазикот, учењето , артикулација, пелтечење и однесување.
„Логопедската превентива е значаен дел од логопедската дејност што овозможува навремено откривање и отстранување на говорните проблеми. Со тоа што се отстрануваат говорните проблеми, исто така и се оневозможува да се појават секундарните психолошки и емоционални проблеми, како и проблемите во социјалната адаптација на децата, потенцира Ангелкова.
Верувам дека многу кодекси на однесување, култура и почитување во вербалната, здрава комуникација се заборавени. И покрај добро сочуваниот слух, правилниот општ развој на детето, добрите моторни вештини на говорните органи, се случува детето да има отстапувања во развојот на говорот. Свесни сме дека говорот нема да се развие самостојно, туку мора да биде стимулиран.
Вие, како родители претставувате говорен моделна вашето дете, бидејќи говорот не е генетика, но се наследува конституцијата на говорниот механизам.
Во однос на отстапувањата во говорниот развој постојат многу видови на говорни и јазични нарушувања кои се дефинираат како нарушувања на комуникација, развојно растројство на говорот и јазикот, специфично растројство на говорната артикулација, пелтечење како и нарушувања на гласот.
За жал, не постои детален податок во општина Гевгелија колку се застапени отстапувањата во говорот кај дечињата.
Логопедот и навремената консултација со истиот се од големо значење, поточно тоа придонесувада дознаетедали Вашето дете има одредени говорни отстапувања, односно дали доцни во одредени говорни сегменти и на кој начин би можело тоа да се надмине. Кога е вистинско време? Тогаш кога родителот ќе забележи било какви неправилности во говорот на своето дете.
Постојат голем број на методи и техники кои ги користат логопедите, така што логопедот одлучува кои од истите да ги примени. Најважно од сè е да бидеме трпеливи бидејќи говорниот развој на детето е процес. Секое дете има свое темпо во напредување. Верувајте во него!“
Ја прашавме, на крајот Ангелкова, дали е тешко да се биде логопед. Без двоумење таа ни одговори:
„Дали е тешко да се биде логопед? Секако дека не. Неизмерна љубов, хуманост и посветеност ќе Ве натера да бидете личност кој во светот на децата е само еден од нив!
Професијата како ЛОГОПЕД ми дава можност да ги комбинирам интелектот и хуманоста во едно, а воедно да работам смислена работа која ми ја храни душата!“