СВ. ТРИ СВЕТИТЕЛИ, ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ, ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ И ЈОВАН ЗЛАТОУСТ

ВО ГЕВГЕЛИСКО, СПОРЕД ПРЕДАНИЕТО, СЕ ВЕЛИ ДЕКА ЈОВАН ЗЛАТОУСТ ЗБОРУВАЛ „СУС ЗЛАТНА УСТА“ ДЕКА ЛИТУРГИЈАТА ТРЕБА ДА СЕ СЛУЖИ ЗА ЕДНА ПАРА А НЕ ЗА 1000 ГРОША. 

 

Покрај тоа што си имаат и посебни празници светите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат и еден заеднички празник.

На 12 февруари според новиот, односно на 30 јануари според стариот календар, нашиот народ го празнува празникот на тројцата светители: св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст. Многумина не знаат за кои светители станува збор, но знаат дека тоа се значајни личности што страдале за Христовата вера. Во некои места, пак, се раскажува дека тие „заедно душа дале за христијанството

 Овој празник е востановен во 1084 година во Цариград. Епископот Јован го одбрал овој ден бидејќи тројцата светители имаат празници во јануари: Василиј Велики на 1 јануари, Григорије Богослов на 25 јануари и Јован Златоуст на 27 јануари (сите според стариот календар по кој тогаш се сметало времето). 

Според народното предание од Гевгелиско се вели дека св. Јован е наречен Златоуст затоа што зборувал дека литургијата треба да се служи за една пара, а не за 1000 гроша како што барале некои. Ако бараме толку, велел тој, нема да ја порачуваат ниту богатите, а камоли сиромасите. Затоа велеле дека зборувал „сус златна уста“ и дека „златни лакрдии прогувурил.“ Инаку во овој крај празникот на св. Јован Златоуст што се празнува на 27 јануари (с.с.) се сметал за лесен празник и тогаш можело да се работи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *