СО „БУСТЕР“ ДОЗА ВАКЦИНИРАНИ 152 ПАЦИЕНТИ ВО ПСИХИЈАТРИСКАТА БОЛНИЦА „НЕГОРЦИ.

Како што веќе  ве информиравме, Општата болница од Гевгелија иницираше акција за вакцинирање на граѓаните на нивните работни места. Вчера и денеска,односно 8 и 9 февруари, екипата од  вакциналниот пункт престојуваше во Психијатриската болница „Негорци“, каде  со трета доза биле вакцинирани 154 хоспитализирани пациенти во оваа здравствена установа, како и дел од здравствените работници.

Денеска директорот на Општата болница Гевгелија, д-р Митко Крџев не информираше дека во наредните денови вакциналната екипа ќе изврши вакцинација во Затворот во Гевгелија, каде ќе бидат вакцинирани 12 граѓани кои се на издржување на затворската казна, а исто така ќе биде одговорено и на барањето на текстилната компанија „Меркјури“,  за  вакцинирање на   60  вработени од оваа фирма.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *