СЕУШТЕ НЕ СМЕ ГО ЗАШТИТИЛЕ МАКЕДОНСКИОТ ГУЛАБ ВРТАЧ, ПА МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА НИ ГО „УКРАДАТ“ КАКО АЈВАРОТ И ШАРПЛАНИНЕЦОТ.

WEB Телевизија во живо

Зборот “гулаб”  доаѓа од латинскиот збор pipio што во превод значи “малечка птица”. Гулабите се копнени птици со витко тело и со кратки и силни нозе со по четири прста. Се сметаат како едни од најинтелигентните птици кои можат да се препознаат себеси во огледало, да разликуваат 26 букви од абецедата и да разликуваат луѓе на фотографии.

Според некои податоци, во Гевгелија има над десеттина одгледувачи на гулаби „вртачи“, а во државата вкупниот број на гулаби е околу 10 илјади.

Но, доколку не побрзаме со регистрацијата на оваа племенита македонска птица, велат речиси сите голубари од Македонија, може лесно да ни се случи тоа да го направи некоја друга земја. Како што ајварот стана словенечки производ а шарпланинецот стана српска раса на куче.

Македонскиот вртач може само така да се нарекува, а не и дунек, бидејќи тоа е турско име за гулабот. Гулабот е признат дека е автохтона македонска птица, па дури дека е и со потекло од Струмица, но не е регистриран и затоа секој го краде. Струмичкиот вртач во Србија и во другите држави од поранешната држава стасал по заминувањето на старешините од некогашната ЈНА, кои со себе ги понеле и гулабите што ги одгледувале додека биле на служба во Струмица.

.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *