ШЕСТ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА НИКО НЕСТОР, ПРВИОТ МАКЕДОНЕЦ И ПРВИОТ ЈУГОСЛОВЕН КОЈ ГО ПРЕПЛИВА КАНАЛОТ ЛА МАНШ

WEB Телевизија во живо

На 26 февруари 2016 година на 81-годишна возраст починал Нико Нестор, првиот Македонец што ги препливал Охридското Езеро и каналот Ла Манш. 

На републичките првенства имал освоено 14 титули, соборувајќи неколку републички рекорди во периодот од 1948 до 1967 година. На 19 август 1958 година го остварил својот сон и станал првиот што го препливал Охридското Езеро од Св. Наум до неговата родна Струга. Една година подоцна, на 9 септември 1959 година, Нестор го направи и историскиот подвиг – стана првиот Македонец и првиот пливач од тогашна Југославија што го препливал каналот Ла Манш. Нестор бил роден на 19 јуни 1934 година во Струга.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *