ПРОТЕСТЕН МАРШ ЗА ПОГОЛЕМИ  ПРАВА НА САМОХРАНИТЕ МАЈКИ И НИВНИТЕ ДЕЦА

One Can како организација која се залага за заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на родовата еднаквост и женските права, со акцент на самохраните родители и еднородителските семејства, го организира  првиот мирен протестен марш во историјата на нашата земја посветен на самохраните родители и еднородителските семејства!

 

Маршот ќе се одржи на 13.02.2022 година во Скопје со почеток од 13:00 часот со првична собирна локација од Жена Парк. Мирниот протест ќе се движи регулирано се до Министерството за труд и социјална политика.

 

Со ова тие сакаат да ја искажат и прикажат сликата на самохраните и еднородителските семејства пред целата македонска јавност и сите чинители во македонското општество. Поводот за организирање на овој марш се сериозни прашања и барања на нашите членки, како и секојдневните проблеми со кои се соочуваат самохраните и еднородителските семејства.

 

Тие бараат да се зголеми социјалната помош, детскиот и образовниот додаток да постои за сите деца од еднородителски семејства, а бараат и социјалните центри да постапуваат согласно законските правила кога се одлучува кому ќе му припадне детето и по која основа.

„Една може“ бара од Министерството за труд и социјална политика да ги дефинира термините „самохран родител“ и „еднородителско семејство“ во соодветните закони на соодветен начин. Бараат да им се помогне на самохраните мајки да им се реши станбеното прашање, преку давање на социјални станови или преку давање на станбени кредити без камата и без учество, а исто така и да се создадат механизми за квалитетно вработување на самохраните мајки.

„Во државата нема архив на еднородителски семејства, самохрани мајки и деца кои користат услуги на Центарот за социјални работи. Потребно е да се проценат потребите на самохраните мајки и да им се помогне. Потребна им е интервенција во кризни состојби, психосоцијална поддршка и правно советување, а исто така и згрижување на децата во попладневни часови, како и зајакнување на жените и на децата преку пристап до обуки, тренинзи, семејно и родителско советувалиште“, стои во препораките на организацијата.

 Темата за самохраните родители не смее да биде табу! Не повеќе!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *