ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“КОЈА ДЕНЕС РАСПОЛАГА СО НАД 70.000 НАСЛОВИ И ПУБЛИКАЦИИ

По ослободувањето на Гевгелија, започнале и активности за обновување на градското читалиште „Просвета“, кое било формирано во 1910 годуина по иницијатива на учителите и учителките во градот. Биле повикани сите граѓани да ги донесат сите научни или просветни книги со кои располагале во Културниот дом. Со оваа акција биле собрани околу 3.000 книги, а во 1945 година, во почетокот на февруари, Градската библиотека ја почнала својата работа. Била сместена во приватна просторија на гевгеличанецот Мицо Чугунцалиев, а во 1950 е преместена во сегашната зграда, но само на првиот кат. Во 1985 година на Библиотеката „Гоце Делчев“ и е отстапен и вториот кат на зградата.

Прв библиотекар бил Димитар Ристов, кој во библиотеката работел се до своето пензионирање во 1957 година. Библиотеката со текот на времето го збогатувала својот книжевен фонд, за да денес таа располага со 60.000 наслови и монографски публикации. Во неа, секоја година се зачленуваат над 1000 граѓани

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.