ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА ПОМОШ НА СОЦИЈАЛНО  РАНЛИВИТЕ  ГРАЃАНИ ОВАА ГОДИНА ЌЕ ИЗДВОИ 3,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ. ЌЕ ИМА И ДВЕ НОВИ МЕРКИ: ДОДАТОК ЗА ДОМУВАЊЕ И  БЕСПЛАТЕН ЛОГОПЕД

Годинава, Општина Гевгелија воведува нови мерки од областа на социјалната заштита и заштита на децата – ќе исплаќа додаток за домување на жители од општина Гевгелија и ќе обезбедува бесплатен третман на деца со проблеми во вербалната комуникација. 

Имено, во Програмата за активностите во областа на социјалната заштита и заштита на децата што денеска ја усвои Советот на Општина Гевгелија, покрај редовните мерки: еднократна парична помош за новородено дете, еднократна парична помош на жители на општина Гевгелија, партиципација во трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, доделување огревно дрво, субвенционирање на потрошувачката за вода за пиење, обезбедување превоз на лицата со попреченост од Гевгелија кои престојуваат во Дневниот центар- Гевгелија, изградба на пристапни рампи за инвалидизирани лица во Јавните општински установи, доделување социјални пакети по повод велигденските празници, стипендирање ученици и имплементација на проекти на Министерството за труд и социјална политика, годинава, Oпштина Гевгелија воведува две нови мерки. И тоа, додаток за домување на жители на општина Гевгелија и превентивни активности, едукација и третирање проблеми кај деца со проблеми во вербалната комуникација.

 Активностите предвидени со оваа Програма ќе се реализираат со средства предвидени во Општинскиот буџет во вкупен износ од 3.500.000 денари. Тие се во насока на преземање мерки за надминување на социјалните проблеми кои неповолно се одразуваат врз добросостојбата на граѓаните во локалната заедница, особено, на најзагрозените и социјално-исклучени граѓани кои не се во можност да ги задоволат своите потреби.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *