МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЗА ТЕБЕ ЉУБОВ МОЈА„ ОВАА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ВО ЧЕСТ НА СЛОБОДАНКА ДУЕВА, НЕЈЗИН ЗАЧЕТНИК И ТВОРЕЦ

Оваа година, одржувањето на традиционалната поетскомузичка манифестација „За тебе љубов моја“ ќе биде во чест на Слободанка Дуева, имено, нејзин зачетник и творец. Слободанка Дуева, културен работник и долгогодишен директор на ЈОУ Библиотеката „Гоце Делчев“- Гевгелија, како што велат нејзините соработници, годинава, тивко замина во вечноста, како што тивко го минуваше и животот. 
Од читалиште, со самопрегорна своја, и работа на своите соработници, Слободанка успева да ја создаде Библиотеката „Гоце Делчев“, која за кратко време се вбројува меѓу најдобрите три библиотеки во Македонија, а бројот на читатели од првичните 800 ги зголеми на 1500. Била членка на Друштвото на библиотекарите на Македонија, а во еден период била и претседател на друштвото.

Во знак на нејзиниот лик и дело, на 4 март, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:30 часот, ќе се читаат стихови посветени на љубовта и жената, а настанот ќе биде збогатен и со музички репертоар, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Почетоците на оваа манифестација се од 1995 година, по идеја на Ице Мурџев и Слободанка Дуева, во Ноќниот клуб на тогашниот хотел „Југо“, со наслов „Кога мажот пее за жената “. 
Во организацијата беа вклучени Библиотеката „Гоце Делчев“ и Телевизија „Канал12“. Наредната година, манифестацијата го менува името во сегашното, а во организацијата се вклучуваат професорите по македонски јазик и литература, Тони Аврамов и Даниела Џишева, а потоа и Александар Стојанов, пијанист

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *