ЛЕТУВАЊЕТО ВО ГРЦИЈА ОВАА ГОДИНА ЌЕ ПОЧНЕ ПОРАНО НО ЌЕ БИДЕ ПОСКАПО.

WEB Телевизија во живо

На омилената дестинација во текот на летото, Грција, значително се зголемени цените на туристичките аранжмани. Според информациите, поскапувањето се должи на цените на енергенсите, кои ја зголемија цената, а со тоа и цените на речиси сите производи вртоглаво се зголемија. Така, во просек сместувањето во апартмани во Грција е поскапо за 15%, а во хотелите за 20%.
 
Грчкиот министер за туризам Василис Кикилијас најави дека туристичката сезона во Грција годинава официјално ќе започне во март, порано од претходните години. Грција веќе ги олесни ограничувањата за патување, воведени во борбата против ширењето на заразата со коронавирус, а на целосно вакцинираните гости повеќе не им треба негативен тест за влез.
Пораниот почеток на сезоната значи дека хотелите што се затвораат во текот на зимските месеци можат да се отворат, а тур-операторите да почнат порано да носат гости.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *