ЌЕ ИМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ВО ОПШТИНАТА, ДВАТА СОЈА СЕ ПРИСУТНИ ВО МОМЕНТОТ, 80 ОТСТО ОД ТЕСТИРАНИТЕ СЕ ПОЗИТИВНИ, ЗАТОА ДОСЛЕДНО ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ

WEB Телевизија во живо

ЕПИДЕМИОЛОГОТ САШКО ОЛУМЧЕВ:

„ЌЕ ИМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ВО ОПШТИНАТА, ДВАТА СОЈА СЕ ПРИСУТНИ ВО МОМЕНТОТ, 80 ОТСТО ОД ТЕСТИРАНИТЕ СЕ ПОЗИТИВНИ, ЗАТОА ДОСЛЕДНО ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ.“

Две години веќе се бориме со ковид пандемијата, рече на почетокот на своето излагање пред советниците на Општина Гевгелија, епидемиологот д-р Сашко Олумчев, и не може да се согласам дека омикрон варијантата е поприсутна во општина Гевгелија, затоа што сеуште не се направени релевантни истражувања. Според симптоматологијата на заболените- пациенти со тешки и лесни симптоми, факт е дека присутни се и двете варијанти на КОВИД-19. За разлика од Делта сојот, Омикронот покажа дека се шири многу брзо, за 10 пати повеќе од Делта. Потребни се 2 секунди да бидете во допир со стелт варијантата и да се заразите, а на кожата овој вирус останува активен и до 3 часа. Сето ова ми дава за право да очекувам во наредниот период да се зголеми бројот на заболени од Стелт сојот на Омикрон.

Она што посебно ме загрижува е што од вкупниот број на тестираните граѓани, последните десеттина дена во нашиот пункт за тестирање, над 80% се позитивни. Тоа е преголема бројка. Затоа побаравме зголемување на термините за тестирање во нашата Општина, и наместо 15, сега веќе имаме 32 термини. Сакам да потенцирам дека званичните бројки на заразени не може да се земат за релевантни, бидејќи голем број на граѓани сами се ртестираат со купени тестови, и не се пријавуваат во системот. Значи онаа бројка која секојдневно се изнесува од Институтот за јавно здравје, помножете ја со 4 и ќе го добиете бројот на навистина заразени граѓани.

Додатно, започна новата училишна година и сега таргет на овој сој се учениците, наставниците и непрележаните, веќе директорите пријавуваат поголем број на заразени ученици и наставници. Затоа, во наредниот период ќе треба со поголемо внимание да ги следиме овие бројки. Поради сето ова, истакна д-р Олумчев, апелирам доследно да се почитуваат постојните мерки на СЗО и Министерството за здравство (одржување физичка дистанца, носење маски и дезинфекција на рацете) за да не дојде до максимално преоптоварување на здравствените капацитети и човечките ресурси за справување со пандемијата, кои веќе се преморени Вакцинацијата останува приоритет, бидејќи сега за сега таа е единственото средство за борба против пандемијата, заврши доктор Олумчев.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *