КАТИЦА ЏИШЕВА ДУПАРОВА: ЌЕ СЕ ОРГАНИЗИРААТ ЧАСОВИ ПО ГЛУМА ЗА ДЕЦА ОД 6 ДО 14 ГОДИНИ

            Општина Гевгелија, во соработка со ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, објавува повик за пријавување деца кои сакаат да посетуваат часови по глума. Театарската секција е наменета за деца на возраст од 6 до 14 години. Пријавувањето ќе трае до 25 февруари, 2022 година и ќе се одвива во просториите на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија (во Народниот театар- Гевгелија“, секој работен ден, од 09:00 до 16:00 часот. Или на телефонскиот број 075492209, кај одговорното лице Катица Џишева Дупарова.

Еве што за оваа идеја вели Џишева Дупарова:

 „ Идејата е додека се во деветтолетка да стекнат основа, да се запознаат со театарот и оваа дејност, преку театарски вежби, игри, а потоа и претстави да развијат љубов кон театарот. Нема максимален број, само ограничување на возраст од 6 до 14 години. Во средношколскиот период имат можност да продолжат со Даниела и групата која работи во гимназијата, а потоа со возрасната група на Дон Кихот. Интерес веќе има, со дел од децата веќе имаме работено пред пандемијата, но има и пријавени со кои допрва ќе се запознаеме. Инаку возрасната група е активна, подготвуваме нешто ново и реприза на претходна претстава, но за тоа потоа.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *