„ФЕСТИВАЛОТ „КАЛИНКА“ ОД НАРЕДНАТА ГОДИНА ПОВТОРНО ЌЕ ГИ РАДУВА ДЕЦАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Како што изјави градоначалникот Сарамандов на последната седница на Советот на општина Гевгелија, иако на Конкурсот за проекти од областа на културата за 2022 година, своја апликација имале и членовите на Организациониот одбор за повторно активирање на овој надалеку познат детски фестивал, сепак, во заеднички разговор меѓу него и Одборот било решено, поради краткото време за организирање и актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19, фестивалот „Калинка“ повторно да заживее од наредната 2023 година.
 
Инаку, Фестивалот Калинка ја пишуваше својата музичка историја, влегуваше во секој дом во секоја градинка и во секое училиште каде што има деца, ја градеше својата безвременска улога да ги прави радосни и среќни децата. Калинка се роди на 2 –ри март во далечната 1992 год. Имаше Калинка убави и помалку убави но имаше и ѕвездени години. Оние кои ја создадоа, работеа низ годините, ја сакаа Калинка и помагаа и беа со неа и во најтешките моменти:
Нада Ристова – Директор на Фестивалот,
Томислав Таневски,-кој од самиот почеток на Калинка па се до 2000 год. беше Уметнички Директор на фестивалот
Ѓорѓи Цуклевски, кој веќе не е меѓу нас, до одржувањето на јубилејната 20 Калинка беше Уметнички Директор. Тој беше душата на Калинка и нејзината магија –детските песнички кои сите до една му поминуваа низ главата и срцето, заедно со децата.
 
Ѓорѓи Хаџи-Николов-кој исто така не е меѓу нас, а беше најголемиот виновник за прекрасните сценографии на Калинка, Васко Шутаров и вработените во Пионерскиот дом од 1983 год. кои самопрегорно се подаруваа за успешни Манифестации а меѓу нив и Калинка. Доктор Сретко Јованов, Ѓорѓи Атанасов –Првиот Претседател на Општина Гевгелија, во чие време се создаде Калинка сите останати Градоначалници и Општинската администрација на Општина Гевгелија и Господинот Иван Франгов во чиј мандат во 2012 повторно се роди Калинка која имаше тригодишна пауза. Искрена благодарност до сите.
Оние кои го создаваа уметничкиот дел, оние кои ја создаваа душата на Фестивалот Калинка, тоа беа Македонската радио и телевизија која 17 години ја снимаше Калинка. Прв Режисер на Калинка беше Лазе Паковски, а Миле Гроздановски и неговиот тим ја снимаа Калинка цели 14 години. Други режисери на Калинка беа Томче Стојков и Благоја Марковски. Соработници кои беа најмногу присутни на Калинка: Никола Јанев Васил Пујовски, Татјана Гоговска, Владе Димовски сите од Скопје македонски поети и писатели, бројни новинари, Шарени радио програми со директни емисии. Прекрасните сценографии на Калинка кои останаа запаметени низ годините што поминаа ги подготвуваа: Карадаре од Скопје, Ѓорѓи Хаџи-Николов, Дане Јанев, Гоко Стамков, Мирче Ќорнаков, Ѓоко Џундев сите од Гевгелија
 
Соработници кои започнаа да работат со Калинка од самиот почеток се некогашната Телевизија Канал 12, а сегашна Телевизија Нова, Радио телевизија Гевгелија и Радио Тајм ФМ. Водители на Калинка низ овие 20 години беа: Тамара Чрчева, Снежана Делимитова, Татјана Танева, Мите Арнаудов, Сребра Пашевска, Катерина Танева, Катерина Петковска, Теодора Дуева и Снежана Коневска-Руси. Кога сме кај душата на Калинка, кај она што ја прави најубава, кај песната која го обиколи светот, покрај снимањето во Студијата на Македонската радио и телевизија, Калинка најмногу години соработува и се снима во тонското студио Кларион од Скопје и продуцентот Дејан Ангелевски.
 
Автори на Калинка- кои ги пишуваа песните, музички педагози, текстописци и аранжери : Ѓорѓи Цуклевски, Ристо Самарџиев, Томислав Таневски, Дарко Тасев, Мирослав Пап, Ненад Илијиќ- Србија, Доно Цветков- Бугарија, Ладо Леш- Србија, Кристијан Габровски, Драган Каранфиловски-Бојс, Огнен Неделковски, Орце Издушнов, Нада Ристова, Тони Аврамов, Владимир Дојчиновски Оливера Станковска, Костадин Динев и други познати и помалку познати и популарни автори на музика, текст и аранжман од Македонија и Балканот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *