ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ДИРЕКТОРОТ РАСКО ЧОЧКОВ ВО ПРОГРАМАТА ЗА РАБОТА НА ЈПКД „КОМУНАЛЕЦ“ ВО 2022 ГОДИНА ПРИОРИТЕТ ЌЕ БИДАТ:

 
ЗАТВОРАЊЕ НА СТАРАТА И ЗАПОЧНУВАЊЕ СО РАБОТА НА НОВАТА ДЕПОНИЈА, ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА НЕГОРЦИ И ПРДЕЈЦИ НА ЦЕНТРАЛНИОТ СИСТЕМ НА ВОДОСНАБДУВАЊЕ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ДО БОГОРОДИЦА, ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО ЈУЖНИОТ И ДЕЛ ВО СЕВЕРНИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТ, КАКО И ДА СЕ ЗАТВОРИ СЕВЕРНИОТ ДЕЛ ОД ПАЗАРОТ.
 
На последната седница на Советот на Општина Гевгелија, в.д директорот на ЈПКД „Комуналец“, Раско Чочков ја презентираше пред советниците Програмата за работа на ова претпријатие за 2022 година.
Со оваа програма за работни активности, рече директорот Чочков, ќе настојуваме да остваруваме подобри резултати во работењето преку целосно искористуивање на капацитетите, максимално подигање на нивото на услугите, оптимален ангажман на вработените и опремата, како и намалување на трошоците при работењето. Нашето мото, рече Чочков, ќе биде „Подобри услуги за задоволни граѓани“.
 
Тој, образложувајќи ги главните приоритетите во работењето на претпријатието, истакна дека во 2022 година ќе започне користењето на средствата од добиениот грант од КФВ, при што населените места Негорци и Прдејци ќе бидат приклучени на централниот водоводен систем за водоснабдување од Гевгелија , а исто така ќе биде реконструирана водоводната мрежа до Богородица. Исто така оваа година Општина Богданци би требало да ги превземе со снабдување населените места Стојаково и Селемли, кои со вода до сега ги снабдува ЈПКД „Комуналец“.
 
Со грантот од КФВ банката предвидено е во делот на канализационата мрежа, изградба на атмосферска канализација во јужниот дел од градот, на потегот од Динќут до Железничката станица а и на три улици во северниот дел од градот.
Во 2022 година, напомена директорот, ќе започне со работа и новата привремена градска депонија, што значи и затворање на старата депонија крај Вардар. Поради тоа се планира да се отпочне со примарна и секундарна селекција на отпадот со делење на бесплатни ќеси помеѓу домаќинствата и правните лица. Напоредно со селекцијата ќе се бараат начини на продажба на селектираниот отпад со што ќе се добијат дополнителни средства со кои би се покриле трошоците за собирање на отпадот.
 
 Секундарната селекција, како што информираше директорот би се вршела кај Пречистителната станица каде има простор за тоа и каде ќе се направи еден вид претоварна станица. Со тоа, 70 проценти од отпадот ќе оди во привремената нова депонија, додека 30 проценти преку договор, соодветни оператори ќе го изнесуваат за одредена надокнада. Тој напомена дека во едниот, долниот дел во новата депонија , каде што ќе се депонира отпадот ,мембраната е во одлична кондиција и покриена со речен чакал.
 
За промовирање на овој вид на селекција помеѓу населението ќе се спроведе и информирање преку делење на флаери, преку медиумите и известувањето до училиштата и градинките.
Во врска со Градскиот пазар, директопрот Чочков истакна дека се планира да се затвори комплетно северната страна на пазарот, и да се монтира електрична инсталација на една половина од пазарот, со што би се подобриле условите во кои работат пазарџиите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.