ДАЛИ ГО ПЛАЌАМЕ ДАНОКОТ НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ИЛИ НА НЕКВАЛИТЕТНИОТ КАДАР?

WEB Телевизија во живо

ПОВЕЌЕ ОД 50 ОТСТО ОД УЧЕНИЦИТЕ ОД ВТОРО И ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ НЕ ЗНАЕЛЕ ДОБРО ДА ЧИТААТ!

Повеќе од половина од учениците во второ и во трето одделение не знаат да читаат. Проблем не е само читањето туку и сметањето на броеви. Само 45 проценти на оваа возраст имаат основни вештини за читање на 90 проценти од зборовите во расказот, да одговорат на три прашања за буквални значења и две за изведени значења. Дваесет и шест проценти од нив научиле да препознаваат броеви, да собираат и да дополнат шеми.

Уште позагрижувачка е состојбата со математичките проблеми. Само 26 проценти од децата во второ и во трето одделение имаат основни вештини со броеви – читање и разликување броеви, собирање, и препознавање и дополнување шеми. Шеесет и осум проценти успешно разликуваат броеви, но само 41 процент успеале во задачите за собирање, и препознавање и дополнување шеми.

Модулот се состои од пасус за читање и збир од прашања за разбирање поврзани со приказната, четири задачи засновани на универзални математички вештини кои се очекуваат на ниво на второ одделение.

Ова го покажува истражувањето на УНИЦЕФ и на Државниот завод за статистика спроведено во 2018-2019 г. При спроведената анкета, опфатени се ученици од 7 до 14 години, а резултатот покажува дека девојчињата предничат, бидејќи 70 проценти имаат основни вештини за читање за разлика од момчињата со 58 проценти. И натаму фактор на влијание е социјалната положба на семејствата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Еден коментар за “ДАЛИ ГО ПЛАЌАМЕ ДАНОКОТ НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ИЛИ НА НЕКВАЛИТЕТНИОТ КАДАР?

  1. Административните обврски го уништија воспитнообразовниот процес. Притисоци од инспекции кои исклучиво бараат да биде задоволена формата. Квалитетот е третостепен. Наставниците станаа писари….

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *