ЦРВЕНИОТ КРСТ ГЕВГЕЛИЈА СО НОВА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО СОРАБОТКА СО HOTEL FLAMINGO

Од страна на Општинската организација на Црвен крст Гевгелија стигна најава за почеток на една нова традиција,  традиција на хуманост преку нова крводарителска акција, овој пат во соработка со Хотел Фламинго, како општествено – одговорна компанија

Крводарителската акција ќе се одржи на ден 23.02.2022 год. (среда) во периодот од 10 до 15 часот во просториите на Хотел Фламинго.

Крводарителството е сосема безбедно, на волонтерска основа и не е поврзано со Ковид-19. 

Крводарител може да биде секое здраво лице на возраст од 18 до 65 години. Во однос на годишниот интервал на дарување, мажите може да даруваат на секои 3 месеци, а жените на секои 4 месеци.

 Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се вклучат во оваа акцијата своето учество треба да го најават на бројот  077 750 120!

Организаторот напоменува дека за лична заштита на крводарителите и заштита на нивните блиски, треба да се почитуваат препораките од Министерството за здравство (носење заштитна опрема и одржување  соодветна дистанца 1.5 – 2м)

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *