АНДОН САРАМАНДОВ: НАША ЦЕЛ Е ДА ГО НАПРАВИМЕ ЕЛЕКТРОНСКИОТ „СИСТЕМ 48“ ПООПЕРАТИВЕН И ПОЕФИКАСЕН  И ВО НАЈКРАТОК РОК ДА СЕ РЕШАВААТ ПРИЈАВЕНИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ГРАЃАНИТЕ.

WEB Телевизија во живо

„Целта е Систем 48 да го направиме пооперативен и поефикасен, односно на граѓаните да им излеземе во пресрет при решавањето на секој пријавен проблем. Се разбира, доколку е во надлежност на Општината или пак да ги упатиме до надлежните државни органи и институции за решавање. На тој начин ќе обезбедиме значително подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните, бидејќи наша првенствена задача е да ги решаваме нивните проблеми. Покрај зголемувањето на ефикасноста на Систем 48 часа, новини ќе следат и во другите делови од работењето на општинската администрација за подобрување на услугите кон граѓаните,“ вели градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.

Систем 48 е една од алатките во Општина Гевгелија со која на граѓаните им се овозможува, по електронски пат, да ги пријавуваат и решаваат своите барања од надлежност на општината. Поточно, по пријавеното барање, надлежните општински служби и ЈПКД „Комуналец“ да постапат за решавање или достават одговор за преземените мерки, во рок од 48 часа. Заради поголема ефикасност на Систем 48 часа, на почетокот од годината, во Општина Гевгелија преземени се активности за навремено решавање и постапување по сите пријавени проблеми.
Имено, по пријавеното барање на дежурните телефони или пак по СМС пораки и проследувањето на истото до надлежното Општинско одделение или Сектор во ЈПКД „Комуналец“, дежурни екипи ќе извршат увид на теренот и евидентирање на состојбата во врска со пријавениот проблем. Сите надлежни општински служби се обврзни веднаш да преземаат мерки за решавање на проблемот или во зависност од неговиот карактер да покренат постапка за решавање. Најголем број од пријавените над 300 барања преку Систем 48 часа во минатата година се однесувале на уличното осветлување, комунални проблеми и услуги, како и прашања во надлежност на инспекциските служби.


Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *