ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

129 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ. ТОЈ БИЛ И ЌЕ БИДЕ ИНСПИРАЦИЈА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ МАКЕДОНЦИ.

Историографијата вели дека бил прозаист, поет, славист, публицист, преведувач, учител, мислител, беседник, хроничар, преродбеник… 

Македонската енциклопедија вели дека бил писател кому Македонија му била и љубов, и судба, и болка, и очај, и неопходност, и тага, и лулка, и гроб… 

Прличев е најмаркантната личност во посовремената историја на Охрид и Македонија, од чиј живот и дело може и треба да учиме за вистинските и најголемите човечки вредности.

На 6-ти февруари 1893 година во Охрид умре Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19 век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите “Сердарот” и “Скендербег”, и познатото дело “Автобиографија”. Со поемата “Сердарот”, за која на поетскиот конкурс во Атина доби Ловоров венец, ја издигна македонската литература меѓу најпознатите книжевни остварувања на Балканот во своето време. 
Роден е во Охрид, на 30 јануари 1830 година.
 
Григор Прличев е роден на 18 јануари 1830/31 година во Охрид, а починал на 6 февруари 1893 година. Татко му починал кога тој бил шестмесечно бебе, па грижата за семјството паднала врз мајка му.

Неговиот дедо го научил да чита уште на четиригодишна возраст од некој стар грчки буквар. Мајка му и сестра му аргатувале по куќи, а тој продавал јајца, им давал часови на богаташките деца и препишувал книги. Освен овие податоци, во својата „Автобиографија“ Прличев го опишува основното училиште и тогашните учители, како и доаѓањето на Димитар Миладинов за учител на кого „мед му течело од устата“ кога зборувал.
 
Кога дознал за смртта на браќата Миладиновци, Прличев ја напуштил Атина и се вратил во татковината за да се бори со владиката Мелетија (виновникот за затворањето на Димитрија).
Од тогаш, па сè до крајот на својот живот, Прличев се борел со носителите на туѓото влијание во неговата татковина. Тоа ќе биде причината тој да биде прогонуван, па и затворан (во дебарскиот затвор).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.