ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

СМОКВИЧАНЕЦОТ АНГЕЛ ДИНЕВ НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1935 ГОДИНА ВО СОФИЈА ГО ИЗДАДЕ ПРВИОТ БРОЈ НА “МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ”

Во Софија, на 24 јануари 1935 година излезе првиот број на неделното списание за историја, наука, култура и литература „Македонски вести“, чиј уредник и сопственик беше Ангел Динев, македонски општественик и публицист. Списанието си постави за задача „да ја изнесува историјата на народното македонско ослободително движење“ и беше на страната на ВМРО – Обединета.

Ова издание, првин како неделно списание, а потоа како весник, било неофицијален орган на ВМРО(Об) кој ја афирмира културно-националната историја, особено од илинденскиот период, и ја развива македонската национална свест, литература, наука и култура.

Ангел Динев (Смоквица, Гевгелиско, 1 октомври 1891 – Скопје, 17 февруари 1952),бил македонски општественик, новинар, публицист и политички работник. Во Солун работел како фурнаџиски работник (1909-1911), кога се јавил како организатор на Привремениот Околиски комитет на ВМРО за селата од десната страна на Гевгелиска околија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.