„ВО ФОКУСОТ НА ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ЗАЕДНИЦАТА Е ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ НА РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ.“
Претседателот на ЛАГ Бојмија ги запозна членовите на Управниот одбор со почетокот на имплементацијата на проектот „Програма за развој на заедницата“ кој што е финансиран од УСАИД, а го имплементира Мрежата за развој на Македонија во партнерство со ЛАГ Бојмија, ЛАГ Плачковица, ЛАГ Малеш -Пијанец, ЛАГ Беласица -Огражден, ЛАГ Абер 2015 и СЕГ Консалтинг.
Одржливиот развој на руралните средини преку зголемена вклученост на локалните актери во препознавање и приоретизација на вистинските потреби на заедницата е во фокусот на овој проект, истакна претседателот Ристо Атанасовски. При тоа, развојните предизвици треба да бидат надминати потпирајќи се на сопствените ресурси и зголемен ангажман на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во заедничките социо -економски и еколошки иницијативи.
Програмата за развој на заедницата ќе биде катализатор на развојот предводен од локалните чинители, како докажан одржлив модел кој потоа може да се реплицира и унапредува во соодветни тематски сектори или географски подрачја. Програмата ќе спроведува нов партиципативен пристап за решавање на проблемите со кои се соочуваат руралните средини.
Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.