ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ОКОЛУ 700 ЧЛЕНОВИ НА ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА ЛАНИ ПРОЧИТАЛЕ ОКОЛУ 20.000 КНИГИ

Околу седумстотини членови на градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија во 2021 година прочитале околу 20.000 книги што, според библиотекарите, е помалку од порано, но сепак е бројка за почит.

Според нив, има читатели кои годишно читаат по 30 книги, а некои дури и по 100 и повеќе книги од богатиот фонд на библиотеката. Доколку се направи просек, велат библиотекарите, излегува дека секој член годишно чита по 30 книги и така се доаѓа до бројот 20.000 прочитани книги во текот на една година.

Градската библиотека во Гевгелија располага со книжен фонд од 60.000 монографски публикации, комплетирани и укоричени дневни весници и списанија, референтна литература, ракописи, документи, албуми и видеоматеријали.

Гевгеличани во изминатата 2021 година најмногу читале белетристика на љубовна тема од популарни писатели, трилери и авантуристички романи, а учениците најмногу читале лектири.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *