ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

НИЕ ГО ИМАМЕ СЕЛОТО ХУМА А НАЈМАЛИОТ ГРАД ВО СВЕТОТ Е ХУМ И СЕ НАОЃА ВО ИСТРА, ХРВАТСКА

ГРАДОНАЧАЛНИК БИРААТ СО БЕЛЕЖЕЊЕ ЦРТА НА ДРВЕНИОТ КОЛЕЦ НА СВОЈОТ ФАВОРИТ

Најмалиот град на светот е на Балканот, а од неодамна и во ЕУ. Станува збор за хрватскиот средновековен град Хум. Неговите 25 жители се надеваат на пари од ЕУ за заштита на овој необичен град.

Малиот Хум за првпат е споменат во некој документ во 12-от век. Ѕидина, кула и црква – во Хум има сѐ што може да се најде во еден стар град. Католиците во Хум до денес ги одржуваат древните ритуали. Кој тука на дрвото има најмногу цртки, тој ќе биде градоначалник. Гласачите одрежуваат цртка на дрвениот колец на својот фаворит. Така еднаш годишно се гласа во Хум и тоа само за мажи. Жените се исклучени од гласањето.

Хум е многу популарен меѓу туристите. Најголем дел од нив доаѓаат од Германија и Австрија. Дури и ако студената истарска супа од црвено вино не е за секого, градот ги воодушевува најголем дел од луѓето со својот шарм.Во продавниците за сувенири најбарана е ракијата од имела. Но, во најмалиот град на светот жителите отсекогаш се бестрашни. Веројатно тие тоа го имаат научено од џиновите, кои според легендата го имаат изградено Хум со камења кои останале од градењето на другите градови во долината Мирна.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.